fbpx

Невремето во Тетовско може да донесе заразни болести

-

Институтот за јавно здравје по направениот увид во тетовскиот регион, констатирал дека невремето што го зафати Тетовско може да предизвика појава на заразни болести, пред сè, цревни заболувања. Според Институтот, постојат голем број фактори што можат да предизвикаат ширење зараза кај населението.

– Како прво, во тетовскиот регион има села кои се погодени од поплавите. Жителите од тие села се снабудваат со вода за пиење од разни непроверени извори, кои поради невремето се сигурно загадени. Голем дел од јавните површини се контаминирани се фекали од канализациските системи, кои настрадаа во поплавите – изјави Жарко Караџоски, епидемилог од Институтот за јавно здравје.

Доктор Караџоски апелира населението во овие денови да внимава каде се движи и како ја подготува храната.

– Мора да се избегнуваат површините каде има излеано фекалии, храната добро да се мие, но и да се внимава со каква вода се подготвува – вели Караџоски.

Од Центарот за јавно здравје Тетово, велат дека за разлика од селата и од приградските населби, водата од тетовскиот градски водовод е здрава за пиење и може да се употребува. Направените анализи од земените мостри на водата од седум мерни места, покажале дека водата е технички, хемиски и микробиолошки исправна за пиење.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...