Силно невреме го зафати Феникс, главниот град на сојузната американска држава Аризона, предизвикувајќи прекин на снабдувањето со електрична енергија, поплави на дел од патиштата и пренасочување на авионските летови.
Летовите се пренасочени од меѓународниот аеродром „Феникс скај харбор“ кон аеродромите во Мес, Тускон и во Лас Вегас. Весникот „Аризона репаблик“ јавува дека околу 6.000 домови останале без струја.
Одделот за транспорт на Аризона соопшти дека поплавени се делови од автопатот Интерстрејт 10 и ги советува возачите да возат бавно или да го избегнуваат, ако е возможно.
Американската Национална метеоролошка служба предупреди дека и денеска се очекува невреме.