fbpx

Невладиниот сектор бара референдумска одлука за најавените проекти на Галичица

-

Невладиниот сектор остро се спротивставува на најавените инфраструктурни проекти во Националниот парк Галичица и бара референдумска одлука за граѓаните на Охрид сами да одлучат за реализацијата на проектите.

Во согласност со измените во планот за управување, кои се во завршна фаза, треба да се гради експресен пат, скијачки центар и туристички развојни зони. За тоа беше организирана една јавна расправа и беше даден рок за доставување забелешки, меѓутоа невладини организации, екологисти, планинарски и спортски клубови, обвинија за нетранспарентност на постапката и најавија формирање широк фронт против реализацијата на најавените инфраструктурни проекти. Тие бараат итно запирање на проектите, за кои сметаат дека се мегаломански и нереални и наместо развој можат да доведат до стагнација на туризмот.

Според невладиниот сектор, анализите од последните три-четири години покажувале дека има тренд на постојан пораст на бројот на гости кои сакаат активен туризам, спелеологија, планинарење, нуркање и други активности во природа.

И меѓу граѓаните на Охрид постои убедување дека не е приоритет зголемување на бројот на туристи, туку да се привлечат поквалитетни гости, кои ќе уживаат во мирот и во спокојот што ги даваат езерото и Галичица.

Укажуваат дека сега тренд е во светот да се патува во еколошки заштитени подрачја, а и самите хотели почнуваат да влегуваат во постапка за добивање еко-ознака, со што доаѓа до пораст на цената на ноќевањето и на сите други услуги во туризмот.

Јавноста, исто така, не е воодушевена и од намерите да се градат туристички развојни зони покрај Охрид, како таа во Љубаништа или во Градиште.

Нема потреба за развој на туризмот во најголемиот туристички центар Охрид. Туризмот во Охрид не треба да се развива со зони во руралните средини, а целиот Охрид сам по себе е една голема туристичка развојна зона – смета јавноста.

За иницијативата за запирање на реализацијата на најавените проекти на Галичица, од невладиниот сектор, покрај до домашните институции, испратиле известување и до сите релевантни меѓународни организации и дипломатски претставништва во земјата, најавувајќи ја потребата за организирање референдум.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со манипулативни изменети видеа се исмеваат францускиот и украинскиот претседател

Првото видео наводно го прикажува Макрон меѓу млади посетители во ноќни клубови кои танцуваат во стилот на 80-тите години. Станува збор за манипулирана верзија на клип на кој се...