fbpx

Неуспешен референдумот во Босилoво, излезноста помала од 50 отсто

-

Неуспешен е референдумот за рудниците во oпштина Босилово затоа што не е исполнет законскиот цензус, односно не излегле 50 отсто плус еден од запишаните гласачи.

Според првичните информации, во сите гласачки места бројот на излезени гласачи бил помал од 50 отсто.

Жителите на општина Босилово се изјаснуваа дали се за или против работењето на рудникот за бакар и за злато Иловица и дали се за или против отворање рудници за експлоатација на метални и металични суровини во нивната општина.

На 19 гласачки места во општина Босилово требаше да излезат 6.151 граѓанин или 50 отсто плус еден гласач од запишаните гласачи за да биде успешен референдумот.

Референдумот се одржа на иницијатива на граѓанското здружение „Здрава котлина“, чии претставници сметаат дека ова е срам за граѓаните на општина Босилово.

– Ова што денеска се случи во Босилово е срам за сите граѓани што не излегоа. Јас не знам дали биле партиски притиснати или на некој друг начин или незаинтересирани или се прават дека не знаат – вели Стојан Велков –Трн од „Здрава котлина“.

Референдум за рудникот кај Иловица ќе има и во општина Ново Село, кој е закажан на 17 септември.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изброени половина од гласовите: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски

Водство на претстедателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, покажуваат првичните резултати што ги објави Државната изборна комисија (ДИК). Според извештаите, од обработени 59,61 отсто од гласачките места, таа има...