fbpx

Нетанјаху одбил средба со Обама

-

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека одбил месецов да се сретне со американскиот претседател Барак Обама во Белата куќа поради острата предизборна кампања во САД.

Белата куќа вчера соопшти дека Нетанјаху одбил да се сретне со Обама, што е потег кој се толкува како нова епизода во нарушените односи меѓу двете земји, особено по склучувањето на договорот со Техеран за иранската нуклеарна програма, кој беше инициран од САД.

Портпаролот на Белата куќа рече дека Израел пред две недели побара состанок и оти на израелскиот премиер му бил понуден 18 март како датум за средба, но американските власти подоцна од медиумите дознале дека Нетанјаху ја откажал посетата.

Канцеларијата на Нетанјаху соопшти дека премиерот ја „цени желбата на Обама да се сретне со него“, но оти тој одлучил да „не оди во Вашингтон во овој момент, на кулминацијата на примарните изборни кампањи во САД“.

Израелскиот премиер за време на кампањата во 2012 година го фаворизираше противкандидатот на Обама, републиканецот Мит Ромни, и сега не сака да остави впечаток дека поддржува одреден кандидат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Потпишан законот за забрана на ТикТок во САД, доколку апликацијата не биде продадена

Американскиот претседател Џо Бајден денеска го потпиша законот со кој во САД се забранува апликацијата во кинеска сопственост ТикТок, доколку не се продаде на американска компанија во рок од...