fbpx

Неприфатливо е ретроактивното пополнување на е-дневникот, велат од СОНК

-

Укажувањето на надлежните во Министерството за образование и наука (МОН), упатено до наставниците, а кое се однесува на електронскиот дневник, е неприфатливо, реагираат во Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК).

Реакцијата следува откако вчера училиштата добиле укажување од МОН да пополнат сите изостаноци и полугодишни оценки на сите ученици, почнувајќи од ланскиот 1 септември, па се’ досега.

„Ова е сосема неприфатливо, затоа што ниту еден наставник не сноси вина за досегашното нефункционирање на е-дневникот. Затоа бараме да го повлечете овој допис до училиштата и да преземете соодветни мерки и решенија кое нема да биде на терет на наставниците“, стои во реакцијата на СОНК.

Во Македонија има 17. 887 вработени наставници во основно образование и  7.400 во средно образование. Според актуелните укажувања на МОН, сите ќе мораат да пополнат податоци освен во пишаниот, и во електронскиот дневник.

Електронскиот систем не функционираше затоа што МОН од април лани, кога истече договорот со старата фирма, не распиша тендер за избор на нова компанија која ќе го ажурира системот. Неодамна, ја избраа фирмата ,,Сорсикс”.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...