fbpx

Ненадејно почина Владо Ѓорчев, новинар и уредник во „Мета“

-

Во раните утрински часови, ненадејно почина нашиот колега Владо Ѓорчев, новинар и уредник во новинската агенција „Мета“.

Тој беше дел од редакцијата на „Мета“ од нејзините почетоци, а во исто време беше активен соработник на „Сервис за проверка на факти во медиумите“ и на „Вистиномер“.

Ѓорчев беше познат новинар и уредник и работеше во повеќе медиуми, меѓу кои и „Вечер“, „Време“, „Шпиц“, „Плус инфо“ и „Либертас“.

Неодамна Ѓорчев ја доби втората награда на конкурсот за најдобра новинарска истражувачка приказна на тема корупција, кој се спроведе како дел од Програмата на УСАИД за антикорупција.

Новинска агенција „Мета“, но и медиумската сцена во Македонија остана без одличен уредник, новинар, неуморен пишувач и пријател.

Посмртните останки ќе бидат изложени утре во капелата на гробиштата во Ѓорче Петров во 12 часот, а погребот ќе биде во 13 часот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Средношколски самит за кариерен развој в понеделник во Скопје Сити Мол

Во понеделник, на 22 април, во „Синеплекс“ во трговскиот центар Скопје Сити Мол ќе се одржи Средношколски самит за кариерен развој. Настанот ќе започне во 17 часот, а е...