!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Немири на протестите против измените на законот за работа во Париз


       
Париз, 12 септември, 2017 - 17:12 (META) 

Париската полиција употреби солзавец за да го растури протестот против измените на законот за работа, откако демонстрантите почнаа да фрлаат камења кон безбедносните сили.

Во повеќе градови во Франција се одржуваат демонстрации против измените на законот што ги планира претседателот Еманиел Макрон. Колона пешаци, сочинета од неколку десетици илјади лица, околу 14 часот се упатија од плоштадот Бастилја кон плоштадот Италија.

Прошетката мина во мирна атмосфера, но млади облечени во темна облека се судрија со полицијата која ја следела колоната. Хулиганите палеле димни бомби и извикувале навредливи пароли, а полицијата одговорила со солзавец.

Генералната конфедерација за труд, еден од најголемите синдикати во Франција, ги повика своите членови на штрајк, а на улица се студентите и работниците од неколку области. Тоа е прв протест против предложените реформи.

Француската полиција на улиците на Париз распореди мобилни полициски единици.

Повеќе илјади синдикални активисти утринава протестираа во Марсеј, Арве и во други француски градови.