fbpx

Нема притвор за Грујовски, Поп-Стефанија само му го одзеде пасошот

-

Судијката Александра Поп-Стефанија го одбила барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за притвор на првоосомничениот во случајот „Тврдина“, Горан Грујовски, и донела одлука на началникот на петтата управа на УБК да му биде одземен само пасошот, соопшти попладнево Основниот суд Скопје 1.

„Судија на претходна постапка, постапувајќи по предлогот на Јавното обвинителство за гонење кривични дела кои се поврзани и произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО), за определување мерка притвор за осомничениот Г.Г. кој е опфатен во предметот на СЈО во јавноста познат како „Тврдина“, донесе решение со кое го одби предлогот на СЈО и определи мерка на претпазливост, односно одземање на патна исправа“, стои во соопштението на судот.

Судијката Поп-Стефанија денеска го прекина распитот на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и на уште тројца осомничени, откако СЈО испрати барање до судот за нејзино изземање од предметот „Тврдина“.

Барањето за изземање, заедно со предметот, Поп-Стефанија треба да ги достави до претседателот на судот, кој има рок од три дена да одлучи дали ќе ја повлече судијката од предметот или, пак, ќе го отфрли барањето.

Осомничените во „Тврдина“ се товарат дека минатата година ја уништиле опремата од нелегалното прислушување, вредна 10 милиони евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со манипулативни изменети видеа се исмеваат францускиот и украинскиот претседател

Првото видео наводно го прикажува Макрон меѓу млади посетители во ноќни клубови кои танцуваат во стилот на 80-тите години. Станува збор за манипулирана верзија на клип на кој се...