fbpx

Нема план Б за влез во НАТО, името мора да се реши, порача Столтенберг

-

Мора да бидам искрен со вас и не е добро да ве лажам – нема план Б и нема влез во НАТО сè додека не се реши проблемот со името, порача Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во три наврати, одговарајќи на новинарски прашања дали е можен прием со привремената референца на денешната прес-конференција по средбата со премиерот Зоран Заев во Владата.

Столтенберг исто така неколкупати потенцираше дека НАТО е политички сојуз кој дефинирал одлуките да го носи со консензус.

Тој порача дека е многу важно да се забрзаат и завршат почнатите реформи.

– Не е лесно, но може да се направи. Ги повикувам сите страни конструктивно да работат во полза на сите. Ја повикувам Владата да соработува со опозицијата и обратно. Ве поттикнувам да продолжите на патот на реформите, сакаме да успеете. Сакаме да ја видиме вашата земја како срцето на еден демократски и просперитетен регион. Премиере, сакаме да ве поддржиме – рече Столтенберг.

Прашан од новинарите дали експанзионистичката политика на Москва не ги замислува земјите-членки за промена на принципот на одлучување и за прием на Македонија во Алијансата за да се спречат руските тежнеења, Столтенберг повтори дека не сака да дава лажни надежи и дека без взаемно прифатено решение за спорот со името со Грција, нема никакви шанси за влез во Северноатлантската алијанса.

Прашан зошто НАТО ја игнорира пресудата од Хаг во полза на Македонија, Столтенберг рече дека станува збор за правна пресуда, а дека НАТО е политички сојуз.

– Тоа е судска пресуда, а ова е политичка одлука. НАТО како политички сојуз се базира на консензус. Промената на одлука и донесување нова бара консензус од сите. Не би бил чесен кон вас ако ви кажам дека има услови за промена на одлуката – рече Столтенберг.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...