fbpx

Нема консензус за воведување санкции за Русија поради Сирија

-

Министерот за надворешни работи на Италија, Анџелино Алфано, изјави дека нема консензус меѓу земјите членки на Г7 за воведување нови санкции кон Русија.

Тој истакна дека тоа нема да се случи иако постоеле намери за воведување санкции поради руската поддршка на сирискиот претседател Башар ал Асад.

Идејата за воведување санкции кон Русија ја изнесе шефот на британската дипломатија, Борис Џонсон, потсети Алфано, додавајќи дека би било погрешно да се изолира Русија и да се турне в ќош.

– Поддршката на Г7 е сосема јасна – поддршка на постојните санкции против Русија поради нејзините активности во Украина – рече Алфано.

Тој додаде дека Русија треба да изврши притисок на Асад да престане со употребата на хемиско оружје и да се приклучи кон меѓународните напори за постигнување мир во Сирија.

– Мораме да имаме дијалог со Русија – рече Алфано на крајот на самитот на министрите за надворешни работи на Г7.

Шефот на француската дипломатија, Жан Марк Еро, исто така рече дека прашањето за дополнителни санкции одвај е споменато на состаноците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...