fbpx

Нема кој да ги поправи ски-лифтовите на Попова Шапка, кои се од минатиот век

-

Ски-лифтовите на Попова Шапка се стари и датираат уште од 80-те години, и во случај на дефект, проблем е да се најдат нови делови. Ски-лифтовите обично се оштетуваат во текот на зимската сезона поради лошото време и силните ветрови, известува „Порталб.мк“. Се уште нема конкретен план за нивно целосно репарирање.

Нефункционалните ски-лифтови директно влијаат на (не)развојот на ски-центарот Попова Шапка. Проблемите со ски-лифтовите многу често биле тема на дискусија пред почетокот на секоја сезона за скијање, вклучувајќи ја и ланската, која започна без два ски-лифтови, кои не беа функционални. Од 80-те години од минатиот век до денес во Попова Шапка немало инвестиции за ски-лифтови или нови жичари.

Попова Шапка поседува вкупно четири ски-лифтови, кои се изградени во текот на 1978-1982. Од „ЕЛЕМ ТУРС“ велат дека, иако се стари, овие ски-лифтови со адекватно одржување се уште се функционални. Оваа компанија се оправдува дека за нивна репарација тешко е да се најдат нови делови во случај на оштетување.

Освен четирите ски-лифтови, Попова Шапка поседува уште две жичари Свети Илија и Син Врв.

Скијачите се жалат дека жичарите и ски-лифтовите се расипуваат толку често што сезоната им поминува со три функционални ски-лифтови. Заради ветрот и временските услови жичарницата Син врв, која има капацитет за 600 скијачи на час и се користи повеќе, многу често е надвор од употреба, со што другите ски-лифтови се оптоваруваат со повеќе скијачи.

Членови на иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“ и други посетители на 29 јануари годинава спасија едно дете кое што останало да виси на ски-лифт.

Скијачите велат дека долгите редици за чекање предизвикуваат незадоволство кај нив, што ги тера неретко Попова Шапка да ја заменат со ски-центрите во Бугарија.

„Можам да кажам дека во поголемиот дел од времето функционални се три ски-лифтови, Крон 1 често се расипува и не работи по цели периоди, жичарницата што води до Церипашина честопати застанува поради ветер. Зборувам за истите проблеми што беа и во текот на минатите сезони, а продолжуваат и годинава“, рече еден од редовните скијачи во Попова Шапка.

Туристите во Попова Шапка велат дека проблемите со ски-лифтовите обично се поради старите апаратури и мотори, понекогаш и поради електричната енергија.

„Сервисирањето на ски-лифтовите не се врши на соодветен начин, затоа и многу често настануваат истите дефекти. Исто така и нивната амортизација претставува проблем“, рече Валентин Тасевски, градежен инженер.

Ски-лифтот „Крон 1”  (Тетекс 1)

За „Крон 1” фигурира дека датум на производство е 1981 година, произведен од француската компанија „Монтаз Мутино (Montaz Moutino)”.  Ски-лифт започнува во надморска височина од 1.670 м до 1.764 м.

Времето на возење е 2 минути и има капацитет од 300 скијачи на час.

Лифтот за скијање „Крон 2” (Тетекс 2)

Произведен е од истата француска компанија „Монтаз Мутино (Montaz Moutino)“ како и „Крон 1“ во истата година. Лифтот започнува на надморска височина од 1.167 м до 1.764 м.

Времето на возење е 2 минути и има капацитет од 300 скијачи на час.

Ски-лифтот „Старински Крон” (Аеродром)

Овој ски-лифт е произведен 1978 година од австриската компанија „Допелмајер (Doppelmayer)” и има капацитет од 600 скијачи на час. Должината на патеката е 715 метри и разлика на височината е 90 метри.

Ски-лифтот „Качачки бунари 1” (Ge)

Произведен е во истата година од истата компанија како и тој кај „Старински Крон“. Има капацитет од 600 скијачи на час и разлика на височината е 129 метри. Започнува на надморска височина од 1.842 м до 1.971 м.

Дали се тестираат ски-лифтовите?

Од „ЕЛЕМ ТУРС“ велат дека ски-лифтовите секоја година се тестираат и лиценцираат, бидејќи тоа претставува еден од главните услови за отворање на сезоната. Тестирањето го вршат компании овластени од Машинскиот и Електротехничкиот Факултет.

„Ски-лифтовите се од 80-те години на минатиот век, но со одржување се уште функционираат, меѓутоа многу често има дефекти”, вели актуелниот директор на „ЕЛЕМ ТУРС“, Џемаил Јусуфи.

Тој истакна дека жичарата со шест седишта би била многу корисно решение, бидејќи има капацитет за 3200 скијачи на час.

Меѓутоа, веќе навршуваат пет години како се ветува изградба на нова жичарница со шест седишта во Попова Шапка. Иако првиот договор за изградба на жичарница е потпишан на 10 март 2014,  жичарница не е целосно изградена и не е пуштена во употреба. Како што се ветува пет години по ред, повторно се ветува дека жичарата ќе биде готова за сезоната 2019/2020.

Почетокот на сезоната без функционална жичарница 

Оваа сезона започна без ниту една функционална жичарница , поради што скијачите беа приморани со скии на грб да се качуваат по угорницата за да стигнат до врвот.

Од „ЕЛЕМ ТУРС“ рекоа дека истата е нефункционална од февруари 2018 година.

„Жичарница што оди над Аеродром и Г не работи од февруари 2018 година, и е запоставена до оваа година. На 11 јануари оваа година е пуштена во употреба”, рече Јусуфи.

Иако сезоната започна без оваа жичарница, истата беше ставена во функција неколку дена подоцна.

„Сезоната започна без оваа жичарница. Сега е целосно реконструирана и системот на контролирање и регулација е комплетно сменет од страна на компанијата „Сименс“ (Siemens)”, рече Јусуфи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...