fbpx

Нема доволно чистачки во Далмација, станоиздавачите во паника

-

Под дрво и под камен приватните станоиздавачи во Далмација бараат чистачки за собите и за апартманите што ќе ги издаваат во летната сезона, за која се очекува да биде рекордна. Младите и школуваните бегаат од таа работа, иако може пристојно да се заработува од оваа дејност, од 12 до 25 куни (100 до 200 денари) за еден час, пишува „Слободна Далмација“.

– Ова е вистински проблем на нашиот туризам, кој мачи илјадници изнајмувачи. Јас имам неколку апартмани и залудно се јавувам во агенциите да ми најдат некоја жена за чистење затоа што ми кажуваат дека нема. Ми требаат неколку жени за 2 до 4 часа дневно – вели станоиздавачка од Сплит.

Агенциите за чистење работат со постојани клиенти со кои соработуваат цела година, како деловен простор, па не им одговара да им излезат во пресрет на сезонските клиенти, кои бараат чистење апартмани и јахти.

– Јас имам 20 вработени кои работат цела година и не се осмелувам да прифатам обврска за чистење за нови клиенти, оти тешко наоѓам работници. Многумина ќе почнат, па набргу ќе се откажат. Од Заводот за вработување барам луѓе, па од 50 што ќе ми ги пратат, само еден ќе се согласи да работи – вели една сопственичка на агенција за чистење.

Таа додава дека платата на постојано вработените не е фрлање, оди за петдневна работна седмица со 8 работни часа дневно, се заработуваат 3.500 куни, односно речиси 29.000 денари месечно.

Сепак, нема доволно слободна работна сила, па некои сопственици со комбиња ги обиколуваат далматинските села и наутро земаат жени за чистење, а попладне ги враќаат дома.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...