fbpx

Нема договор за медиумите, преговорите продолжуваат попладне

-

По неколкучасовни преговори работните групи вчера не постигнаа договор за рефoрмите во медиумите.

Белгискиот олеснувач Питер Ванхауте на својот профил на „Твитер“ најави дека разговорите ќе продолжат денеска попладне.

Пред почетокот на вчерашната средба на работните групи во Клубот на пратеници, Ванхауте изјави дека ситуацијата никогаш не е безнадежна и дека ќе продолжат со преговорите со надеж дека ќе се постигне договор.

Најголем проблем во преговорите засега се составот на Агенцијата за медиуми и владиното рекламирање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Атлантик: Со среќа во борбата против дезинформации

Угледниот американски магазин Атлантик објави опширен напис, во авторство на Квинта Џуресик, со наслов „Со среќа во борбата против дезинформациите“. Сторијата се однесува на Ник Сојер, доктор во Калифорнија....