fbpx

Нема датум за средбата Трамп – Путин, медиумите ќе бидат исклучени

-

Сè уште не е одреден точниот датум на првата средба меѓу американскиот и рускиот претседател, Доналд Трамп и Владимир Путин, но ако тоа се случи, медиумите најверојатно ќе бидат исклучени, соопшти Кремљ.

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, рече дека состанокот би можел да се случи за време на самитот Г20, кој ќе одржи во јули во Германија, но сè уште не е постигнат цврст договор.

Песков рече дека не постојат планови ниту да се издаде соопштение по евентуалната средба.

– Само ќе се одржи состанок – рече Песков.

Трамп и Путин минатиот месец телефонски се согласија да се обидат да организираат состанок „еден на еден“ во периодот околу одржувањето на самитот во Хамбург.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...