fbpx

Нема да нè заплашат со притворот на соборците, порачаа граѓаните на протестот

-

Неколку стотини граѓани денеска по 15. пат неформално се собраа на протест пред Специјалното јавно обвинителство. Иако граѓанската иницијатива „Протестирам“ за денеска не закажа протест, сепак граѓаните спонтано дојдоа да го искажат својот револт против одлуката на претседателот Иванов да помилува политичари и ниви блиски соработници.

Протестот се одржа само пред просторите на СЈО, а дел од граѓаните и активистите на мегафон ги искажаа своите причини зошто протестираат.

Активистката Билјана Гинова рече дека поттик за протести „секој ден во шест“ е одлуката на Иванов за аболиција, но причина е револтот што секој го чувствува поради неправдите од оваа власт.

– Притворот на нашите соборци им е продолжен од осум на 30 дена. Јасно е дека сакаат да нè заплашат и сакаат да нè спречат да излегуваме на протести, но ние со тоа што сме на улица сме фактор во решавањето на кризата и мора да продолжиме – рече Гинова.

Миша Поповиќ од Институтот за демократија (Социетас цивилис) рече дека протестира против корупција затоа што „со корупцијата осиромашуваме, а други со нашите пари ја купуваат нашата држава“.

– „Протестирам“ за мене значи состојба на умот, а не само „секој ден во шест“. Една врхушка ни ја зароби оваа држава и не им служи повеќе на граѓаните, туку работи во корист на сопствените интереси – рече Поповиќ.

Со извиците „Слобода“, „Нема да им помине“, по речиси два часа, мирно заврши собирот пред СЈО.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...