fbpx

Нема да има зголемување на цената на струјата, најавија од ЕЛЕМ

-

Цената на струјата нема да се зголеми и покрај тоа што на почетокот на годината ЕЛЕМ купи скапа струја, одговори генералниот директор на компанијата, Христијан Мицкoски, на новинарско прашање при посетата на РЕК Битола.

– Струја извезовме во ноември и во декември, во јануари купивме скапа струја, потоа ја набавивме евтино. Ќе се обидеме да купиме евтина струја до јуни, кога ќе заврши оваа регулирана година – вели Мицкоски.

Загубата на струја, според него, ќе се надомести со зголеменото производство на електрична енергија за 10 отсто во првиот квартал на годината во однос на истиот период лани и со намалената цена на увезената енергија во март и во април. Исто така, од ЕЛЕМ велат дека во овој момент се во поволна финансиска кондиција.

– Продолжуваме да произведуваме согласно потребите на регулираниот пазар. Ако реализираме вишоци на енергија, ќе ја пласираме на слободниот пазар. Битно е да обезбедиме пари кои ќе ги вложиме во развојни проекти – додаде Мицкоски.

Ако пазарот на струја беше либерализиран, цената на електричната енергија, според Мицкоски, ќе беше за 25 отсто повисока. Во 2020 година се очекува либерализирање на пазарот и тогаш цената може да биде повисока и повеќе од 25 отсто.

– Либерализацијата ќе значи за оние кои ќе сакаат да излезат на слободниот пазар. Граѓаните, претпоставувам, нема да сакаат да излезат на тој пазар и ќе останат на регулираниот пазар, па ќе продаваме електрична енергија по регулирана цена. И сега е така кај компаниите. Не сите компании се на слободниот пазар, како што е, на пример, АД ЕЛЕМ, која во моментов е на регулиран пазар – изјави Мицкоски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...