fbpx

Неисчистени оџаци предизвикаа 20 пожари во Битола

-

Битолчани масовно се свртија на греење на дрва, ама оџаците не ги исчистија пред сезоната. Битолските пожарникари од Нова година досега имале дури 20 интервенции на запалени оџаци во градот, и во куќи и во колективни згради.

Оваа бројка, според командирот на протовпожарната служба во Битола, Коста Поповски, е превисока за толку кус период и невообичаена во споредба со годините наназад.

Вистинска драма имаа станарите на една од зградите на улицата Едвард Кардељ во Битола на Бадник, кога се запали оџакот од зградата, кој, според нивните кажувања, не бил исчистен три децении.

– За последните 13 дена, имавме 23 интервенции, од кои дури 20 на запалени оџаци, во еден случај од оџакот имавме опожарување и на целата покривна конструкција. Ова се должи на неисчистените оџаци. Граѓаните не ги чистат оџаците со години, тоа е голем ризик – вели Поповски.

Препораката на битолските пожарникари е граѓаните кои пред сезона не ги исчистиле оџаците, тоа да го направат сега, особено оние кои веќе имаат напукнати оџаци.

– Има служби, има и оџачари кои и сега можат да им ги исчистат оџаците на граѓаните, особено брзо да се интервенира кај оние оџаци каде е видливо излегување на чад од пукнатините – вели Поповски.

А.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.