fbpx

Нефункционална е санацијата на штетите од поплавите, истакнаа граѓанските активисти

-

Три месеци по катастрофалните поплави што ги погодија Скопје и околината, санацијата на штетите оди бавно и незадоволително, истакнаа граѓански активисти на денешната прес-конференција во село Стајковце, кое беше погодено од поплавите во август оваа година.

– Саниран е многу мал процент од штетата, а не се отстранети ниту причинителите за катастрофалната поплава што го зафати овој регион. Асфалтирањето е изведено неквалитетно, а исто така е сомнителен начинот, односно приоритетот кој се дава за тоа како се асфалтираат и се санираат улиците. Дополнително, минимална е поправката на обиколницата, а каналската мрежа ниту е исчистена, ниту се изградени нови канали за спречување на поплави како таа која се случи во август – вели активистот Демијан Хаџи-Анѓелковски.

Активистот Александар Младеновски истакна дека во овие три месеци исплатени биле помалку од една четвртина од средствата што требаше да ги добијат семејствата во поплавените подрачја.

– Сумите кои се исплаќаат се далеку под висината на реалните штети. Од терен има информации дека оштетите се делат по партиска линија, за ВМРО-ДПМНЕ да го зацврсти своето гласачко јадро во погодените подрачја. Сè уште има семејства кои не биле посетени од комисијата за процена на штети. Истовремено, исплатата на штетите за земјоделските површини не е ниту почната – изјави Младеновски.

Павле Богоевски додаде дека сè уште никој нема преземено одговорност, ниту за неодговорното работење кое резултираше со изгубени животи и огромни штети ниту, како што рече, за патетичната некоординираност во периодот кој следуваше по поплавите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...