fbpx

Неформалната економија изнесува 30 проценти, младите најзасегнати

-

Неформалната економија во Македонија изнесува 30 проценти. Туризмот, угостителството, чевларската индустрија, медиумската сфера се гранките каде што е најмногу застапена. Најзасегнати се младите, а ние сме водечка земја во регионот каде што 45 проценти од младите работат во неформалната економија. Во неа спаѓаат сите оние нерегистрирани дејности, со што се избегнува плаќање даноци и придонеси и тоа има негативно влијание врз сите сфери, како за непријавените работници така и за буџетската каса.

Овие податоци беа презентирани на тркалезната маса „Даночна политика, неформална економија и корупција во земјите од Западен Балкан“.

– Со акциониот план и со активните мерки на Владата за намалување на стапката на невработеноста, процентот на неформална економија е намален од 43 проценти на 30 проценти. Најзасегнати се младите и оттука важно е да се едуцираат за да кажат „не“ на работата на црно – изјави Билјана Чкламовска, која го спровела истражувањето „Неформална економија“.

Во извештајот на експертот од Европската унија, Мартин Хуцбаут, за даночните и буџетските политики во државите од ЕУ и од Западен Балкан, се вели дека во сите земји во овој регион, како и во Македонија, најголем дел од оданочувањето е преку индиректниот начин како ДДВ. Препорачува, директното оданочување да биде во прогрес.

– Што се однесува до оданочувањето на приходите на трудот, данокот со рамна стапка не е фер, бидејќи тоа го нарушува основниот принцип дека „најшироките рамена треба да го носат најголемиот товар“. Овој приход треба да се оданочува според прогресивна скала. Во Франција, Германија и во Белгија, прогресивниот данок изнесува 6 проценти, 12 проценти, 21 процент. Не може тој што заработува многу и што заработува помалку да плаќа исто – посочи Хуцбаут.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска: Членството во НАТО отвора можност за развој на науката и технологијата

„Членството во НАТО на сите членови на академската заедница- професори, истражувачи и студенти им отвора нова димензија на поддршка, на можност за соработка со колегите од сојузничките и партнерски...