fbpx

Недоволната побарувачка го ограничува обемот на производство

-

Според оцената на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во септември 2015 година е за 0,6 процентни поени зголемен во однос на претходниот месец, а во однос на септември 2014 година е зголемен за 6,2 процентни поени, објави Државниот завод за статистика.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во септември годинава, во однос на август 2015 година, е поповолна, како и очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци, а резервите на готови производи сe намалени.

Оцената за економската состојба на деловните субјекти во септември 2015 година е поповолна во споредба со претходниот месец, а како поповолна е оценета и во однос на септември 2014 година. Истото се однесува и на оцената за бројот на вработени.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во септември 2015 година изнесува 63,9 проценти од нормалното искористување.

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недостигот на квалификувана работна сила со 24,6 проценти, недоволната странска побарувачка со 23,8 проценти, недоволната домашна побарувачка со 23,5 проценти и финансиските проблеми со 5,3 проценти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...