fbpx

Неделата против лажните вести започнува од понеделник

-

Институтот за комуникациски студии (ИКС) од 12 до 18 ноември ќе организира серија обуки, дебати, онлајн квизови и видеа, и за првпат ќе ја одбележи Неделата против лажните вести.

Активностите имаат цел да поттикнат критичко размислување и да ја подигнат свеста за штетата која лажните вести, манипулациите и дезинформациите ја нанесуваат на целото општество.

– Новите медиуми нудат простор за неограничена слобода на изразување, која за жал често се злоупотребува од поединци, кои не размислуваат или воопшто не им е грижа за етичките стандарди на информирање и одговорно искажување на ставовите. Сведоци сме на зголемен тренд на лажни вести и манипулации, кои некогаш ниту експертите не можат да ги препознаат – вели Жанета Трајкоска, директорката на Институтот за комуникациски студии.

Таа додава дека преку неделата против лажните вести сакаат да им понудат на граѓаните алатки да ги препознаваат ваквите медиумски манипулации и да реагираат.

В понеделник (12 ноември), вторник (13 ноември) и четврток (15 ноември) ИКС ќе организира три обуки за средношколци, за студенти и за пензионери и ќе им понуди на учесниците алатки за полесно да ги препознаат лажните вести.

„На 14 ноември (среда) е онлајн семинарот „Со новинарски техники до појасна слика: истражувачкото новинарство против лажните вести“ со новинарката Кристина Озимец, а во вечерниот термин во кафулето „Концепт 37“ дебатираме со нашите гости Сашо Орданоски, Милка Смилевска и Сеад Џигал, како да се справиме со дезинформациите и лажните вести во медиумите. Неделата ја привршуваме со вебинарот „Зошто е важна медиумската писменост?“ на 16 ноември (петок)“, информираат од ИКС.

Во рамките на неделата против лажни вести ќе бидат промовирани четири едукативни видеа кои ИКС ги подготви како дел од оваа кампања, како и неколку квизови на кои сите заинтересирани ќе можат да си ги проверат сопствените медиумски познавања, а ќе има можност и за прашања од граѓаните на кои ќе одговараат експерти од медиумските институции и организации од земјата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...