fbpx

Не се постигна решение за тетовските гимназијалци

-

За тетовските гимназијалци кои следат настава на македонски јазик сè уште не се најде решение. И учениците и советот на родители и на професори од гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ од Тетово, не прифаќаат да се следи настава во објектите на старото медицинско училиште, предлог кој денеска на состанок им го понуди градоначалничката на Тетово, Теута Арифи.

– И советот на родители и на професори при гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово и учениците не го прифаќаат овој предлог. Овие простории кои ни се нудат се руинирани. Остануваме на нашиот став да учиме во објектот на централната гимназија – изјави Катерина Наумовска од советот на родители и на професори.

И покрај неприфаќањето на предлогот, од секторот за образование при Општина Тетово велат дека се работи на реконструкција на двата објекти од старото медицинско училиште и се подготвуваат таму да се почне со настава.

– Јас се надевам дека учениците што следат настава на македонски јазик ќе почнат со настава во овие два објекти. Наставата тука ќе се одвива сè додека не се најде трајно просторно решение за овие ученици, односно не се изгради објект во состав на постоечката гимназија, на што се работи интензивно. Се очекува да се добие дозвола, па потоа да се почне со изградба на овој објект – изјави Ахмед Ќазими, раководител на секторот за образование при Општина Тетово.

И денеска гимназијалците од „Кирил Пејчиновиќ“ кои следат настава на македонски јазик, со протест пред Општина Тетово го искажаа незадоволството од нерешавањето на просторниот проблем, со кој се соочуваат повеќе од 10 години.

Вакви протести најавија и за наредниот период, сè додека надлежните не ги прифатат нивните барања, да учат привремено во зградата на гимназијата, а во меѓувреме да се работи на изградба на нов објект.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Затворени гласачките кутии, отворено прашањето за резултатите

Излезноста на избирачките места половина час пред да заврши изборниот процес била 48,47 отсто, според податоците достапни на сајтот на Државната изборна комисија. Според податоците, на претседателските избори гласале...