fbpx

НДМ: Албанија и Косово со сеалбанската платформа ѝ објавија војна на Македонија

-

Народно движење за Македонија денеска изрази длабока загриженост и силно ја осуди вклученоста на Албанија и на Косово во донесувањето на т.н. сеалбанска платформа која повикува на редефинирање на уставниот поредок на Македонија.

„Ова особено добива сериозност ако се знае дека според правилата на општото меѓународно задолжително право, ваквиот атак на Албанија и на Косово спрема македонскиот суверенитет и интегритет се смета за објава на војна и за загрозување на меѓународниот мир и безбедност. НДМ смета дека е созреан условот Владата на Република Македонија во согласност со своето меѓународно право да му обрне внимание на Советот за безбедност на Обединетите нации за овие загрозувачки активности на Албанија и на Косово по мирот и безбедноста, како орган чија примарна надлежност, според Повелбата на ОН, е меѓународниот мир и безбедност“, стои во соопштението.

НДМ истовремено ги повика лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев, како најодговорни во моментот за опстанокот на земјата, да се вразумат и веднаш да усвојат национален документ за виталните национални и државни интереси во кои никој нема да чепка без оглед кој победува на избори и составува влада.

„Во овој контекст, како појдовна основа треба да послужи меморандумот за Македонија кој на 4 јануари претседателот на НДМ, Јанко Бачев, им го достави лично на Груевски и на Заев, а со кој се обезбедува опстанокот на земјата. Всушност, токму недозволивото превирање меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за прашањата од највисок национален интерес ја постави сцената за ваквото однесување на Албанците во регионот“, стои во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...