fbpx

НБРМ: Слаба приватна потрошувачка, пад на инвестициите и минимален пораст на БДП

-

Домашниот бруто-производ (БДП) во првиот квартал на годината имал минимален раст, што е под проектираното движење, било констатирано на редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народна банка.

Ваквата состојба, велат од НБРМ е одраз на послабиот раст на приватната потрошувачка и поголемиот пад на инвестициите.

„Ваквите отстапувања создаваат и надолни ризици за проектираниот раст за целата 2018 година од 3,2 отсто. Расположливите податоци за вториот квартал не се многубројни и воедно се дивергентни, но главно упатуваат на нешто поповолна состојба во економијата во споредба со првиот квартал. На ваква констатација упатува прометот во трговијата, чиј што раст е нешто посилен во однос на првиот квартал, значителното забавување на падот на вредноста на извршените градежни работи, како и подобрувањето на показателот за економската доверба“, се вели во соопштението на НБРМ.

Во однос на движењето на стапката на инфлација, според податоците за јуни, просечната годишна стапка на инфлација во првата половина од годината изнесува 1,5 отсто, при што и натаму се движи под нивото од априлската проекција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...