fbpx

НБРМ: Постои соодветен амбиент за одржливо закрепнување на приватниот сектор

-

Економијата и понатаму закрепнува со солидно темпо, во еден дел поддржана преку кредитната активност на домашните банки. Економското закрепнување се одвива без ценовни притисоци.

Ова го оценува Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ, на состанокот на кој беа разгледани најновите макроекономски показатели и проекции во контекст на нивните ефекти врз поставеноста на монетарната политика.

Според Комитетот, во вакви услови постои соодветен амбиент за одржливо закрепнување на приватниот сектор, при што повторно е оценето дека домашната економија е доволно поддржана преку досегашните преземени мерки на монетарната политика.

Девизните резерви се проценува дека ќе се задржат на адекватно ниво, што е доволно за справување со евентуални непредвидливи шокови.

Општо земено, последните макроекономски прогнози укажуваат на задржување слична макроекономска слика како во октомвриските проекции, со оцени за солиден економски и кредитен пораст, отсуство на ценовни притисоци и надворешна позиција која обезбедува понатамошно одржување на девизните резерви на адекватно ниво.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...