fbpx

НБРМ ќе овозможи електронско банкарство со странство за потребите на државата

-

Народната банка реализира проект за електронско банкарство за извршување на платниот промет со странство за потребите на државата и на државните органи.

Целта на проектот е зголемување на квалитетот и на ефикасноста на услугите, како и заштеда на време, човечки и материјални ресурси кај државните институции.

– За промоција и за запознавање со предностите на електронското банкарство, во изминатиот период во рамки на Народната банка беа организирани презентации, на кои присуствуваа околу 260 претставници од повеќе од 90 државни институции од централната и од локалната власт. Учесниците на презентациите беа запознаени со функционалностите на системот што овозможува побрз протек на документи и на информации преку електронско доставување налози за плаќање кон странство, електронско известување за пристигнати приливи, како и електронско доставување барања за подигнување и за враќање готовина – велат од Народна банка.

Оттаму додаваат дека новата услуга на Народната банка ќе биде достапна од април годинава, како и дека нуди и поповолни надоместоци за електронски доставените налози во однос на хартиените налози.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...