fbpx

НБРМ ќе организира прв регионален форум за финансиска вклученост

-

Народната банка на Република Македонија ќе го организира Првиот регионален форум на Источна Европа и на Централна Азија (ЕЦА) за финансиска вклученост, што ќе се одржи во хотелот „Александар палас“ во Скопје, од 26 до 28 октомври.

Програмата е замислена како тридневен настан фокусиран на темата финансиска вклученост. На настанот ќе присуствуваат високи претставници од централните банки од регионот на ЕЦА за постигнување договор за исполнување на целите на регионалната платформа и за создавање оперативна рамка што ќе ја зацврсти идната соработка на овие земји на полето на финансиската вклученост.

Форумот ќе се фокусира на унапредување на политиките за заштита на потрошувачите на финансиски услуги, како и за финансирање на малите и на средните претпријатија. Исто така, ќе се одржат и сесии за прашања од областа на дигиталните финансиски услуги и создавање бази на податоци и показатели за мерење на нивото на финансиска вклученост.

Настанот е во организација заедно со Алијансата за финансиска вклученост (АФИ), со поддршка на Федералното министерство за економска соработка и развој на Германија (БМЗ) и Секретаријатот за економски прашања на Швајцарија (СЕКО).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(АНАЛИЗА) Јавен сектор: вработени по етнички клуч и според образование

Во четири министерства застапеноста на етничките Македонци изнесува 70 отсто од вкупниот број на вработени. Во седум ресори застапеноста на етничките Албанци е над 30 проценти, пишува Порталб.мк. Во...