fbpx

НБРМ: Инфлацијата во ноември забележа благ пораст на месечна основа

-

Инфлацијата во ноември забележа благ пораст на месечна основа. На годишна основа и во просек во првите единаесет месеци од годината, општото ниво на цените во домашната економија и понатаму бележи пад (намалување од 0,3 отсто), се вели во најновиот извештај на НБРМ.

– Во услови кога и цените на храната и базичната инфлација, во просек, за целиот период бележат годишен пораст, намалувањето на цените е последица на падот на цените на енергијата. Остварувањата се малку под проекциите, што заедно со очекувањата за пониски светски цени на енергијата и на прехранбените производи, упатува на надолни ризици за проекцијата за инфлацијата за следниот период. Честите промени во очекувањата за цените на примарните производи упатуваат дека неизвесноста околу идното движење на овие производи е значителна, а можноста за ненадејни промени кај овие категории е голема – се вели во соопштението на Народна банка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...