fbpx

Навални денеска ќе поднесе кандидатура за претседателските избори во Русија

-

Лидерот на опозицијата во Русија, Алексеј Навални денеска ќе поднесе документи за кандидатура за претседателските избори во Русија во 2018 година.

Централната изборна комисија потоа ќе одлучи дали тој ги исполнува условите за кандидатура.
Околу 800 поддржувачи на Навални денеска се собраа на формален состанок и изразија поддршка за неговата кандидатура.

Навални е најсилниот противкандидат на Владимир Путин за претседател на Русија.

Меѓутоа, Навални е кривично осуден па Централната изборна комисија би можела да му забрани да учествува во изборите. Пресудата негова може да се повлече или да добие посебна дозвола за учество.

И покрај неговата кампања, околу 80 отсто од Русите го поддржуваат Путин, што го прави сигурен победник во изборите закажани за март следната година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...