fbpx

Наумов: За оваа власт, повратот на ДДВ секогаш бил само алатка за репресија

-

„Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски не можат да се договорат сами со себе, што ја подигнува конкурентноста на македонската економија. Дали е тоа намалувањето на прагот за регистрирање на обврзник на данок на додадена вредност (ДДВ) како што изјавија во 2010 година или зголемување на истиот како што се премислија во 2014 година. Слободно нека си ги отворат архивите и нека прочитаат“, се вели во соопштението од кабинетот на дополнителниот заменик-министер за финансии Кире Наумов.

Тој ѝ порачува на власта да го отвори последниот извештај на Светска банка, кој се однесува за јавните расходи.

– Во извештајот на страницата девет е наведено дека слабостите во јавното финансиско управување (ЈФУ) станаа поочигледни. Владата акумулираше значителни заостанати обврски во однос на поврат на ДДВ и стоки и услуги, кон крајот на 2011 и 2012 година. До февруари 2013 година, Владата најави дека овие заостанати обврски се расчистени. Фискалните дефицити се проширени од 2011 година, а Владата не ги исполнува фискалните цели три години по ред, односно во периодот од 2012 до 2014 година. Извршувањето на буџетот, особено на капиталните расходи, и понатаму е слабо, што ја натера владата да помести голем дел од трошењата за транспорт надвор од буџетот во 2013 година. Како резултат на тоа, се намали и транспарентноста на буџетот – се посочува во соопштението.

Понатаму, Наумов повторно ја упатува власта да ги погледне забелешките од извештајот на Светска банка кои се однесуваат на ефикасноста на јавните трошења, која и понатаму е ниска.

– Анализата на средината на функционирање, со која се врши споредба на трошењата и исходите со други земји во регионот, укажува дека владата би можела да ги постигне истите секторски исходи со значително помали трошења, особено во образование, инфраструктура и во социјална заштита – се додава во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...