fbpx

Наумов: Со вакво темпо на задолжување дефицитот за 2016 година ќе се реализира во мај

-

Дополнителениот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, предупредува дека со вакво темпо на задолжување, планираниот дефицит за целата 2016 година ќе биде реализиран во мај.

– Министерот Ставрески на 24 ноември 2015 година јасно кажа дека со четвртата еврообврзница се обезбедени средства за непречено извршување на обврските на буџетот за 2016 година. Само со вчерашната аукција на државни хартии од вредност, Груевски и Ставрески ги задолжија граѓаните на Македонија со нови 15,5 милиони евра нето-долг – се вели во соопштението на Наумов испратено до јавноста.

Во него се истакнува дека само со првото задолжување во 2016 година се реализира 5 проценти од планираниот дефицит за целата 2016 година.

– Во првите шест месеци од оваа година, Ставрески има закажано уште 23 аукции на државни хартии од вредност – вели Наумов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Обединетите нации бараат истрага по откривање на масовни гробници во болниците во Газа

Обединетите нации (ОН) повикуваат на „независна, ефикасна и транспарентна истрага“ за откривањето на масовни гробници во две болници во Газа, кои беа опколени и нападнати од израелските војници оваа...