fbpx

Наумов: Останува опасноста за финансиско злосторство врз граѓаните

-

„Процесот на издавање на еврообврзницата од 650 милиони евра е одложен, но не и прекинат. Опасноста за финансиско злосторство врз граѓаните останува“, предупреди претседателот на комисијата за финансии на СДСМ, Кире Наумов.

– Најавено е издавање на мислење за правна важност на целата постапка од страна на Министерството за правда иако согласно Законот за јавен долг, член 18, став 6, ова мислење му претходи на носењето одлука за задолжување. Доколку се издава еврообврзница, истата треба да се издаде по истата постапка по која беше издадена еврообврзницата во ноември 2015 година. Секоја друга постапка ќе значи прекршување на Законот за влада, Договорот од Пржино, Законот за буџет и Кривичниот законик – изјави Наумов.

Тој ги уверува граѓаните дека пари во буџетот за плати и за пензии има, бидејќи тие се обезбедуваат од придонеси кои граѓаните ги плаќаат и од даноци. Наумов потсетува дека планираното задолжување од еврообврзницата е за непродуктивни трошења, корупција и за криминал.

За обвинувањето од страна на вицепремиерот Владимир Пешевски дека СДСМ направила штета и го намалила финансискиот углед на државата, Наумов додава дека банките ја имаат предвид политичката криза во која се наоѓа државата, а СДСМ само потсетиле на тоа преку правен начин.

– Се зема предвид дека со ребалансот на буџетот, државата ја намалува стапката на пораст, притоа го зголемувате и дефицитот. Исто така, поради недостиг од капацитет на оваа влада, како и поради сомнежи за злоупотреба на средства, веќе се блокирани 27 милиони евра од ИПА-програмата. По 21 година, мисијата на Меѓународниот монетарен фонд во Македонија ќе остане без постојан претставник. Неколку меѓународни институции јасно порачаа дека соработката со владата ќе ја продолжат по одржувањето на фер и демократски избори. Сето ова ќе влијае врз одлуката на банките, но и на висината на каматата – истакна Наумов.

Тој додаде дека за СДСМ да каже колку реално Македонија треба да се задолжи, потребно е да има увид во буџетот. Нивната проценка во однос на еврообврзницата во ноември 2015 година беше дека таа реално треба да изнесува 250 милиони евра.

Наумов потстети дека со ребалансот на буџетот, власта може веднаш да скрати огромни средства за непродуктивни трошоци како 18 милиони евра за т.н. милениумско тркало, пет милиони евра за барокни фасади, а може да се продаде и „мерецедесот“ на Никола Груевски од 600.000 евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...