fbpx

Наумов: Kомпаниите сè уште функционираат без услови за работа во зоната во Визбегово

-

Претставниците на Здружeнието на стопанственици од индустриската зона во Визбегово го информирале дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, за проблемите со кои се соочуваат компаниите што се дел од оваа зона, а во која не се достапни бенефициите што ги имаат компаниите лоцирани во технолошко-индустриските развојни зони.

– Неправедниот третман што го имаат стопанствениците од индустриската зона Визбегово е огледало на третманот што го имаат малите и средни домашни претпријатија во земјата во изминатиот период – се вели во соопштението на дополнителниот заменик-министер за финансии, Наумов.

Индустриската зона во Визбегово важи за најголема во земјата, со повеќе од 200 компании и остварен промет од 632 милиони евра во 2015 година.

– И покрај тоа, во зоната во Визбегово компаниите сè уште функционираат без основните услови, почнувајќи од водоводна и од канализациона мрежа, како и патна инфраструктура – се додава во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...