fbpx

Национална петиција во Бугарија за поддршка на БПЦ да ѝ биде мајка црква на МПЦ-ОА

-

Во Бугарија почнала национална петиција за јавна поддршка на Бугарската православна црква да прифати да ѝ биде мајка -црква на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), јавува бугарската новинска агенција БГНЕС.

Петицијата почнала неколку часа откако десетици истакнати јавни личности, научници, новинари и потомци на видни семејства од Македонија ја повикале Бугарската патријаршија „да ја прифати подадената рака на Македонската архиепископија“.

Според агенцијата, петицијата е поддршка на писмото, кое било упатено до бугарскиот патријарх Неофит и до Светиот синод, а текстот е отворен за поддршка од сите што сакаат.

„Како луѓе кои одамна ги следиме развојот на проблемот со македонската црковна независност, исто така сме свесни дека Бугарската патријаршија има свои основи, категорично да ја нагласи историската вистина за потеклото на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, како и за нејзиното егзархиско наследство. Без подвигот на нашите предци, вклучувајќи ги од Вардарска и Беломорска Македонија, кои постигнаа црковна независност за поголемиот дел од православните Бугари на Балканот во 19 век, денес не би постоеле ниту Бугарската патријаршија, ниту Македонската архиепископија, која се јавува како наследник на македонските епархии на Бугарската егзархија. Добро е да потсетиме на општо познатиот факт дека Охридската архиепископија е создадена во 1018 година од царот Василиј Втори Бугароубиец на местото на Бугарската патријаршија, која тој ја уништил, а титулата на нејзиниот владика била архиепископ на Охрид и на цела Бугарија“, пишува во обраќањето до бугарскиот патријах Неофит и до Светиот синод.

Писмото на Светиот синод на Македонската православна црква беше испратено на 9 ноември 2017 година и во него се изразува подготвеност Бугарската патријаршија да биде признаена како нејзина мајка црква.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...