fbpx

НАТО и ЕУ предупредуват дека ИД планира напади со биолошко оружје

-

Терористичката група Исламска држава планира напади со билошко и со нуклеарно оружје во Европа, сметаат функционери на НАТО и на ЕУ.

Постои „оправдана загриженост“ дека терористичката група се обидува да добие супстанца што може да се користи за да се развие билошко, хемиско и радиолошко оружје, тврдат функционерите.

Заменик-шефот за противтероризам во Европската комисија, Хорхе Берто Силва, на саемот за безбедност и против тероризам во Лондон изјави дека ИД покажува заинтересираност да ги добие овие супстанци.

Џејми Шеј, заменик на помошникот на генералниот секретар на НАТО, за новите безбедносни закани рече дека Алијансата „знае дека терористите се обидуваат да ги добијат овие супстанци“. Тој, исто така, предупреди дека ИД можеби се распаѓа на две фракции, една, која се занимава со заштита на т.н. калифат во Ирак и во Сирија, и втора, кој е фокусирана на формирање терористички ќелии за напади на Европа.

Белгиските власти, во меѓувреме, објавија дека веруваат дека по нападот на Брисел, во Европа се испратени уште екстремисти од редовите на ИД.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...