fbpx

НАТО ги критикува Русија и Белорусија поради воените вежби

-

Претставниците на НАТО соопштија дека Русија и Белорусија не успеале да ги исполнат меѓународните обврски и во целосна транспарентност да ги одржат големите воени вежби.

„Жалиме што ни Русија и Белорусија не ги применија мерките за транспарентност од Виенскиот документ за воената вежба „Запад“ во склад со прописите со кои се согласија двете земји“, се вели во соопштението на Алијансата.

Виенскиот документ од сите потписнички бара да се унапреди информирањето за воените вежби и да се дозволат набљудувачки тимови за да се избегне можноста од било какво недоразбирање.

Маневар во кој ќе учествуваат повеќе од 13.000 војници мора однапред да биде најавен и отворен за набљудувачи.

Белорусија соопшти дека во воената вежба „Запад 2017“ ќе учествуваат 12.700 војници, нешто под лимитот, но Литванија и други критичари тврдат дека би можело да има и над 100.000.

Руските власти соопштија дека нема причина за загриженост поради вежбата.

-Нема причина за страв. Се, како и вообичаено, ќе биде отворено и пријателски – изјави заменик рускиот министер за одбрана Александар Фомин.

Воената вежба „Запад 2017“ ќе одржи од 14 до 20 септември, а доаѓа во време на затегнати односи помеѓу Русија и САД.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...