fbpx

Наставниците не сакаат ретроактивно да го пополнуваат е-дневникот

-

По објавата на „Мета“, дека е избрана фирмата што ќе го одржува е-дневникот, на социјалните мрежи, во групите за просветни работници, наставниците коментираат дека не е во ред сега да се бара да ги внесат сите податоци за постигањата на учениците и изостаноците во електронскиот дневник за сите 4 месеци и дека тоа за нив е голема обврска. Наставниците сметаат дека тоа што системот не функционираше со месеци не по нивна вина.

„Не е во ред сега да внесуваме податоци за цело полугодие. Ќе беше уште подобро вака да бевме гласни и кога пред неколку години во мај внесувавме податоци за цела учебна година“, вели една наставничка.

Нејзина колешка вели дека таа ќе пополнува податоци во е-дневникот од моментот кога ќе биде пуштен во употреба и дека не смее да се дозволи да биде поинаку.

„Треба да бидеме сложни оти не е маката за пишувањето, зарем малку го правиме тоа, туку проблемот е во односот“, реагира трета наставничка.

Од Министерството за образование и наука неодамна за „Мета“ информираа дека веќе ја избрале фирмата „Сорсикс“ која треба да го одржува е-дневникот. Тој од април годинава не функционира, а се чека системот да биде во функција наскоро.

Со активирањето на електронскиот дневник, родителите/старателите на учениците ќе продолжат да имаат брз и едноставен увид во оценките и поведението на своите деца.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...