fbpx

„Наставнички пленум“ в недела на протест пред МОН

-

„Наставнички пленум“ за недела, 22 март, најавува мирен протест и обраќање пред Министреството за образование и наука (МОН), на кој ќе ги искажат своите ставови и барања против актуелните реформи во основното и во средното образование, стои во соопштението објавено на фејсбук-страницата на пленумот.

„Под мотото „Подобро образование за сите“, „Наставнички пленум“ ги повикува сите граѓани на Република Македонија кои се длабоко свесни за улогата на образовниот систем во општеството, во Скопје, на 22 март (кај Јужен булевар, зад стара железничка станица во 11 часот или во 12 часот пред МОН), да излезат и јавно да ја изразат својата поддршка на наставниците во Република Македонија, обединети во „Наставнички пленум“, стои во соопштението.

Барањата на „Наставнички пленум“ до МОН се изложени во осум точки и во нив тие повикуваат на:

  • Ставање на Законот за наставници, Законот за академија и Законите за основно и средно образование надвор од сила, под целосен мораториум;
  • Целосно укинување на казните и на наградите за наставниците кои се резултат од екстерните тестови;
  • Оцените од екстерно тестирање на учениците да не смеат да влијаат врз успехот на учениците и да го оштетат ученикот на кој било начин;
  • Да се ревидира системот на професионален и кариерен развој на наставниците и да се исфрлат законските одредби што го поврзуваат овој систем со резултатите од екстерното тестирање;
  • Ревидирање на наставните планови и програми за основно и средно образование, за јакнење на квалитетот во образовниот систем на сметка на квантитетот;
  • Укинување на државната матура и воведување приемен испит на самите факултети;
  • Укинување на инспекциските органи во образовниот систем, а јакнење на советодавни тела;
  • Бројот на ученици во паралелка да не биде повеќе од 24, а во насока на јакнење на квалитетот во наставата.

„Во нашата намера и борба за подобро образование, очекуваме целосна поддршка од „Средношколски пленум“, „Студенстски пленум“, „Професорски пленум“, сите заедно да покажеме дека сме достојни да се избориме за подобар, поквалитетен систем на образование на сите нивоа: основно, средно, високо“, се вели во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Мерките што важеа во ковид пандемијата злоупотребени за антикампања на Филипче

Во објавата што ја рецензираме се пропушта контекстот и за глобалната пандемија, која имаше влијание врз целиот свет во поглед на економијата и бизнисот, а и неосновано се обвинува...