fbpx

Наскоро спогодба на Србија со Фронтекс

-

Сем Фабрици, шефот на делегацијата на ЕУ во Србија денеска најави дека наскоро во Србија ќе стаса еврокомесарот за миграции Димитрис Аврамопулос и оти претпоставува дека тој со Србија ќе потпише статусна спогодба за Фронтекс, граничната служба на ЕУ.

Повикувајќи се на изјава на Аврамопулос, „Дојче веле“ вчера пренесе дека со Србија, Македонија и Албанија веќе се постигнати соодветни спогодби за помош од припадниците на Фронтекс на граничните полиции на трите земји. Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан потврди дека се преговара за пристап на Фронтекс на териториите на Србија и Македонија, додека, според тврдењата од Брисел, тоа е завршено.

На прашање дали тоа значи дека Фронтекс во Србија ќе ги штити границите на ЕУ од мигрантите, Фабрици порача дека таа спогодба не треба да се поврзува со такви приказни и ги замоли новинарите да почекаат на 20 септември во Белград да дојде еврокомесарот Аврамопулос и да им ги објасни деталите на спогодбата.

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ ги повика новинарите да не шират трачеви и рече дека никогаш не станувало збор за отворање центри за мигранти поради кои Фронтекс би ги бранел границите на ЕУ, додавајќи дека Србија е во специфична ситуација, бидејќи мигрантите од оваа земја доаѓаат од ЕУ за да продолжат кон други земји на ЕУ.

Претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер изнесе план за засилување на Фронтекс, кој наместо 1.500 припадници, до 2020 би требало да има персонал до 10.000.

Припадниците на Фронтекс, според „Дојче веле“ би требало да бидат поставени на меѓудржавните граници во ЕУ и да помогнат со патроли и контрола на личните документи, а Фронтекс ќе дејствува и на територијата на трети земји, што го подразбира и Западен Балкан, како територија низ која минува балканската рута.

Според новиот план, силите на Фронтекс би биле опремени со авиони, бродови и оружје. Во практика, како што пренесуваат изворите на „Дојче веле“ тоа би значело дека некоја членка на ЕУ што очекува пристигнување на голем број мигранти, би побарала помош од Фронтекс, кој потоа би ја презел комплетната процедура на постапување за азил, но конечната одлука сепак би останала на суверената држава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...