Наскоро дронови ќе летаат во затворени простории


       
Вашингтон, 24 декември, 2014 - 15:12 (META) 

Американската воена истражувачка единица ДАРПА работи на развој на мали беспилотни летала кои би се користеле во затворени простории и кои би развивале брзина до 70 километри на час.

Проектот кој го носи името „Програма за брза и лесна автономија“, посветен е на развој на поприлично застрашувачки дронови, а инспирацијата доаѓа од природата и тоа од еден вид јастреб.

ДАРПА на својот канал постави „идеја-водилка“ – видеодокументарец од продукцијата на „Би-Би-Си“, на кој се гледа низок лет на јастреб низ шума и тоа „во прво лице“.

Целта е да се развие беспилотно летало кое ќе биде доволно мало за да мине низ отворени прозори и кое може да развие брзина до околу 20 метри во секунда, воедно способно за навигација во комплексни затворени простори, без помош на пилот, со сензори кои праќаат податоци или се потпираат на ГПС-координати.

https://www.youtube.com/watch?v=_bXHLznnQmY