!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Народниот правобранител отвори телефонски линии за пријавување изборни нерегуларности


       
Скопје, 13 октомври, 2017 - 13:04 (META) 

В недела на 15 октомври, на денот на одржување на првиот круг од локалните избори, сите седум канцеларии на Народниот правобранител во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и во Штип, од 7 до 19 часот ќе бидат отворени за граѓаните за пријавување изборни нерегуларности.

Освен лично во канцелариите, граѓаните нерегуларности ќе може да пријават и на телефонските броеви во канцеларијата во Скопје на 02/3129-327 и 02/3129-367, во Битола на 047/242-310, во Кичево на 045/228-586, во Куманово на 031/431-488, во Струмица на 034/329-996, во Тетово на 044/344-082 и во Штип на 032/389-701.

Народниот правобранител Иџет Мемети апелира до сите, а особено до надлежните органи, во рамките на нивните можности и надлежности да придонесат за спроведување избори во кои гласањето ќе се одвива слободно и непречено, во согласност со законот и доследно ќе се почитуваат човековите права.