fbpx

Народот е желен за живот и за слобода, оцени Заев од Виница

-

Лидерот на СДСМ и носител на кандидатската листа на партијата во четвртата изборна единица, Зоран Заев, вечерва на митингот во Виница побара поддршката од граѓаните за „Планот за живот за младите да останат во Македонија“.

Тој истакна дена неговиот политички опонент, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, измислува анкети, но оти тоа нема да му помогне.

– Груевски може да измислува анкети колку сака! Ништо не му помага, овој народ е желен за живот и за слобода. На 11 декември овој одлучен народ ќе си ја врати државата – изјави вечерва Зоран Заев, претседателот на СДСМ, пред граѓаните на Виница.

При презентирањето на програмата на коалицијата предводена од СДСМ, Заев рече дека ако дојдат на власт ќе ги вратат парите.

Заев истакна дека годишно од буџетот се крадат по 400 милиони евра, а 300 милиони евра се трошат непродуктивно.
– Македонија има потенцијал! Парите што ги крадеа ќе ги пуштиме кон вас. Ќе има и за просечна плата од 30.000 денари. Ќе се враќа 15 отсто од ДДВ за плата плус во секое семејство – рече Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...