fbpx

Напаѓачот на Шекеринска, Ангелов, се изјасни за виновен

-

Панче Ангелов денеска на судењето во Основниот суд Скопје 1 се изјасни за виновен за нападот врз тогашната пратеничка Радмила Шекеринска во Собранието на 27 април, иако претходно изјави дека немал намера да ја нападне Шекеринска, туку дека сакал да ѝ помогне и да ја извлече од толпата влечејќи ја за коса.

Во обвинението се истакнува дека Ангелов бил во првата група што влегла во Собранието и заедно со најсилните и најнасилните луѓе се упатил директно во прес-салата. Најпрво му упатил закани на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, потоа ја нападнал Шекеринска, а фрлил и шише кон други пратеници кои добиле тешки телесни повреди.

Претходното рочиште на 19 септември беше одложено на барање на адвокатот на обвинетиот Драган Пешевски, кој пред судот рече дека Ангелов бил правно неук и дека тој првпат го сретнал во судот.

Казната за вакво кривично дело е затвор во траење од 3 до 10 години, а како што истакна судијката Џенета Бектовиќ пресудата ќе биде соопштена следниот четврток.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Започна судењето против Трамп – прв кривичен процес против американски претседател

Во Њујорк почна судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во кривичната постапка под обвинение дека се обидел да ја прикрие исплатата на пари на порно ѕвездата Сторми Даниелс. На...