!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Наместо за „Титаник“, Јанкулоска со политички квалификативи за СЈО


       
Скопје, 8 февруари, 2017 - 10:39 (META) 

Поранешната министерка за внатрешни работи во владата на експремиерот Никола Груевски, Гордана Јанкулоска, на 6 февруари годинава ја даде следната изјава за која „Вистиномер“ цени дека е невистина.

– Очигледно е дека во моментот на наближување на разврската на политичката криза на Зоран Заев му е потребна помош и секогаш кога на Зоран Заев му е потребна помош, тука е Специјалното јавно обвинителство да излезе со нешто што тие ценат дека оди во прилог на опозицијата, односно дека ги подобрува позициите на Зоран Заев. Меѓутоа, по сè – тие функционираат повеќе од една година – на граѓаните на РМ јасно им е дека ова е политичка пресметка со неистомислениците на СДСМ, на Зоран Заев, кој впрочем неодамна беше и фактички, повторно аболиран од СЈО – рече Јанкулоска.

Јанкулоска е висок функционер на ВМРО–ДПМНЕ и цели девет години се наоѓаше на многу важна функција, министер за внатрешни работи. Нејзините изјави околу СЈО се непринципиелни од два аспекта. Прво, таа е инволвирана странка, осомничена, во настани кои се окарактеризирани како кривични дела од легитимна институција за гонење сторители на кривични дела. Оттука, изјавата дека таа институција била политичка и без кредибилитет е недоследна и може да се разбере само како неаргументиран контранапад за тој што ја сомничи и ја гони.

Второ, ваквите изјави се идентични со ставот на партијата на која што припаѓа и на лидерот на таа партија, кои се залагаат за укинување на СЈО, а додека тоа не се случи во практика, прават максимални напори за попречување на работата на оваа институција.

(Целиот текст од „Вистиномер“ можете да го прочитате и да го преземете ТУКА)