fbpx

Намалувањето на цената не ја зголеми потрошувачката на лекови

-

По три дена откако се намалени цените на 434 лекови кои граѓаните можат да ги купат во апетеките, иако поевтинуваат некои од најчесто користените лекови, тоа не предизвика редици пред аптеките.

Во аптеките велат дека потрошувачката се одивава нормално, исто како и сите други денови и дека нема зголемена побарувачка на лековите кои од 1 ноември беа поевтинети.

– Побарувачката е иста како и секој друг ден и нема зголемено побарување на поевтинетите лекови. Пензионерите сè уште не ги подигнале пензиите, па затоа денеска немаме некоја особена турканица како за почеток на месецот – велат од „Еурофарм“.

Од најчесто пропишуваните лекови што граѓаните ги земаат во аптека, според системот за закажување и евиденција „Мој термин“, намалени цени има кај лековите за болка „диклофенак“ и „кетопрофен“ од нестероидните антиинфламаторни, од антибиотиците кај „амоксицилин“, „ампицилин“, „азитромицин“ и „цефалексин“, а од од антихипертензивите „лосартан“ и „амлодипин“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Вечерва ќе се одржи промоција на винил компилацијата „Поп култура“ во едукативниот културен центар „Лабораториум“, во рамките на платформата „Силата ЕУ Младите“. Изданието содржи песни од млади современи македонски поп...