fbpx

Намалување на тензиите меѓу Европа и Русија, главна тема на состанокот на ОБСЕ во Хамбург

-

Министрите за надворешни работи на земјите членки на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) денеска во Хамбург го почнаа дводневниот годишен состанок, на кој ќе се разговара за проблемите на безбедноста во Европа, Брексит, како и за победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД. Ситуацијата во Украина, исто така, ќе биде ставена на врвот на агендата. На состанокот учествува и шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски.

Германија, која годинава претседава со организацијата, за време на средбата планира да наметне воспоставување нов договор за контрола на вооружувањето со Русија, за да се спречи трката со вооружување во Европа поради случувањата на Крим и во Украина, но и да го отвори прашањето за зајакнување на улогата на ОБСЕ во решавањето на конфликтите.

– Потребна ни е силна ОБСЕ повеќе од кога и да е, за да ја обезбеди Европа – изјави шефот на германската дипломатија, Франк Валтер Штајнмаер, на почетокот на прес-конференцијата.

На средбата учествува и рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров. Официјална Москва ја смета министерската средба за платформа „за политички дијалог на високо министерско ниво, можност за отворена дискусија за загриженоста и за заедничките предизвици за враќање на довербата меѓу земјите“.

Штајнмаер вчера имаше средба со Лавров, на која побарал поголема соработка од Москва во намалувањето на тензиите во Европа, како и „итен хуманитарен прекин на огнот во Сирија“.
За време на дводневниот состанок, министрите ќе одржат и серија билатерални средби.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...