fbpx

Намалени водостоите на реките

-

Водостоите на реката Вардар кај Јегуновце и на Сатеска кај Ботун се за повеќе од четири пати пониски од вообичаениот за јануари, а речиси тројно пониско ниво од просечното има и Црна Река кај Новаци.

Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), понизок водостој од вообичаениот имаат речиси сите останати реки во Македонија, со исклучок на Црн Дрим кај Ложани, Пчиња кај Катлановска Бања и Вардар кај Демир Капија каде е забележано повисоко ниво од вообичаеното.

Водостоите, пак, на природните езера во Македонија се во рамите на просекот за овој месец.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади ќе креираат стрипови за меѓуетнички дијалог и борба против дискриминација

Стрип центарот на Македонија од Велес започна со имплементација на проектот „Да и дадеме шанса на инклузијата“ од вториот отворен повик на Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на...