Намалена видливост поради магла во Битола, Прилеп, Ресен и Тетово


       
Скопје, 9 јануари, 2018 - 19:32 (META) 

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, а на одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

До 150 метри видливост поради магла има во Битола, Прилеп и Ресен, додека во Тетово видливоста е 50 метри, информираат од ЈП „Македонија пат“.

Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Од „Македонија пат“ апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината, а информираат дека нивните дежурни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.