fbpx

Намалена ликвидноста на банките за 7 милиони денари

-

Ликвидноста на банкарскиот систем забележа месечен пад од 7.035 милиони денари, информираат од Народна банка.

– Ликвидноста позначително се намали во втората половина од месецот, кога се зголеми неизвесноста поврзана со политичката ситуација во земјата, што беше проследено со шпекулации за стабилноста на банкарскиот систем и за девалвација на курсот на денарот. Во вакви услови беше зголемена склоноста на економските субјекти за поседување девизи – информираат од Народна банка.

Оттаму додаваат дека физичките лица значително ја зголемиле побарувачката за девизна готовина, што создало притисок на девизниот пазар.

– Со оглед на овие случувања на девизниот пазар, Народната банка во април ги обезбеди банките со потребната девизна ликвидност во износ од 77 милиони евра. Од почетокот на мај, се забележува стабилизирање на побарувачката за девизи на девизниот пазар, што услови намалени интервенции за продажба на девизи од страна на Народната банка – се додава во соопштението на Народна банка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...